
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на нова прес конференција истакна нови детали за случајот со пожарот во дискотеката “Пулс” во Кочани.
Околу информацијата дека во близина на таканаречената дискотека имало и подземна бензинска пумпа, министерот ја потврди информацијата според досегашните сознанија и истакна дека резервоарот бил празен во моментот на пожарот како и дека истиот не бил во допир со објектот каде имаше пожар.
Исто така истакна дека нема поврзаност помеѓу сопствениците на кабарето и бензинската пумпа, според првичните информации.