
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на нова прес конференција истакна нови детали за случајот и потврди дека сите 59 починати се веќе идентификувани и завршени се обдукциите. Вкупно има 196 лица кои се повредени, од кои 20 се деца, 93 од повредените се сместени тука во Скопје, а 80 се во странство.
Задржани, приведени во Штип и Скопје се 16 лица од кои последно задржаното лице се терети за тешки дела против општата опасност и истото е потписник на основање на објектот, односно за издавање на дозвола на кабарето, кој ја издал незаконито без утврдување на факти и на тој начин биле издавани документи за работа на кабарето.
Тој истакна дека досега со 71 лице се извршенк разговори, а за 14 лица е одреден притвор од 48 часа. 11 од тие притвори во врска со сомненија за тешки дела против општата опасност и другите 3 за несовесно работење. Претреси се извршени на 2 лица вработени во министерството за економика и одземени се повеќе предмети. Претреси се направени и кај управителот и сопственикот на дискотеката. МВР исто така влезе и во општината и се обезбедува документ за работа на дискотеката и кај плус уште едно лице претрес од министерството за економија за издавањето на лиценца.
Со цел независна истрага денес се разрешени неколку раководни лица од МВР од Штип и Кочани и како нивна замена се поставени лица кои не се од тие места туку од Скопје, се ос цел да нема притисоци и влијание врз истрагата, истакна министерот.
Околу информацијата дека во близина на таканаречената дискотека имало и подземна бензинска пумпа, министерот ја потврди информацијата според дозегашните сознанија и и истакна дека резервоарот бил празен во моментот на пожарот како и дека истиот не бил во допир со објектот каде имаше пожар. Исто така истакна дека нема поврзаност помеѓу сопствениците на кабарето и бензимската, според првичните информации.
Началниците на Штип и Кочани не се на распит, но се врши проверка на сите во МВР.