
Се враќал во дискотеката за да извлече што е можно повеќе деца, а потоа се срушил покривот..
Георги Величков е една од жртвите во пожарот во дискотеката во Кочани.
Негов близок роднина открива шокантни детали за неговата смрт.
Спасувал деца од огнената стихија, а последниот пат кога влегол внатре се срушил покривот.
„Беше во групата која го славеше раѓањето на детето. Два-три пати се враќал за да ги извлече луѓето, а потоа го удрил струја кога паднал покривот на дискотеката. Неговиот татко го препознал по бурмата. Зад себе остави двомесечно дете“, раскажува негов роднина за „Информер“.