Skip to main content
Македонија

До пеплосаната дискотека „Пулс“, имало 10 тони нафта?

18/03/2025  14:18

Во близина на дискотеката „Пулс“ која изгоре викендов, имало склад со гориво на друг објект. Од полицијата и обвинителството не кажуваат чив бил објектот и дали бил легален, ама се открива дека складот го нашла екипа на крим-техника.

Од Противпожарната бригада на Кочани велат дека во близина на дискотеката има резервоар за нафта, но дека тој бил на друг објект. Оттаму не знаат точно дали и колку нафта имало во резервоарот.

Информацијата ја потврдија и од Обвинителството.

– При увидот е констатирано дека постоел склад за гориво во близина на објектот. Сите други околности се испитуваат, информираа од Обвинителството.

Видеото го објави сајтот „Информер“ од Србија со наводи дека имало 10 тони нафта.