
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, донесе одлуки за разрешувања на повеќе полициски функционери по трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани.
Разрешени се:
• Началникот на Секторот за внатрешни работи Штип
• Помошник-началникот на СВР Штип
• Началникот на Одделението за полиција Штип
• Началникот на Одделението за криминалистичка полиција Штип
• Началникот на Одделението за внатрешни работи Кочани
• Командирот на Полициската станица од општа надлежност Кочани
• Началникот на Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани
Повеќе детали за причините и наредните чекори ќе бидат соопштени во текот на денот на прес-конференција.