Skip to main content
Македонија

Мајка на едногодишно девојчe меѓу жртвите во Кочани

18/03/2025  13:40

Во пожарот кој избувна во дискотеката „Пулс“ во Кочани загина и младата инспекторка Моника Спасова.

Семејство откако слушнало за трагедијата во ноќниот клуб, ја барало по сите болници. Нејзината фотографија ја објавија на социјалните мрежи со молба граѓаните да ги контактираат доколку имаат информации за неа…. меѓутоа, во еден момент стигна најмрачната вест дека Спасова е една од жртвите.

Мајкино око оти ми побегна. Не можам да живеам без тебе. Мајкино око кој ќе гушнам место тебе? Мајкино око, душата ми е распарчена, напиша неутешната мајка на Моника.

Спасова зад себе ги остави ќерката, сопругот, родителите, како и брат и сестра.