Skip to main content
Скопје

На платото пред Техничките факултети огромна група луѓе со свеќи и цвеќиња оддаваат почит кон загинатите

18/03/2025  13:02

На платото пред Техничкиот факултет се собра огромна група луѓе кои им оддаваат почит на загинатите во страшната несреќа во дискотеката во Кочани.

Со свеќи во рацете, но и со оставање цвеќе, со тажни лица луѓето во мирна атмосфера се организираа со цел изразување жалење за оваа трагедија.

Од она што екипата на 24 Инфо го дозна, не се предвидени ниту изјави ниту обраќања.