
Во Босна и Херцеговина денеска е Ден на жалост поради трагедијата во Кочани, Северна Македонија, поради што знамињата на зградата на Претседателството на БиХ и други институции ќе бидат спуштени на половина копје.
Владата на Федерација БиХ на вчерашната итна седница го прогласи 18 март за Ден на жалост. Ден на жалост прогласи и Република Српска и властите во дистриктот Брчко.
Одлуката е донесена поради изразување сочувство до семејствата на жртвите. Во пожар што изби во дискотека во Кочани загинаа 59 луѓе, а над 150 се хоспитализирани.