Skip to main content
Македонија

Елези: Нема потреба од групно дарување, има доволно крв од сите крвни групи низ болниците и клиниките

18/03/2025  11:48

Имаме доволно крв за сите крвни групи за потребите на сите болници и клиники во земјава, вели во изјава за МИА директорот на Центарот за Трансфузиона медицина, Амир Елези.

MK Summit

Прашан дека на социјалните мрежи се споделува за потреба на дарување на крв за пациенти кои се сместени на Клиниките во Скопје, Елези е дециден во одговорот дека крв има од сите крвни групи.

Се што се споделува е само некоја пропаганда, што не знаеме каква е позадината, а и не знам зошто се шири таква паника, затоа што имаме доволни количини, а плус тие кои што се тешко болни се лечат надвор од државата, вели Елези.

Посочува дека во моментов нема потреба да се оди групно да се дарува крв, бидејќи застарува и треба да се фрли. (МИА)