
Најмалку 330 луѓе загинаа синоќа во израелските напади врз Појасот Газа, соопшти Министерството за здравство на Хамас на таа палестинска територија.
„Министерството за здравство регистрираше повеќе од 330 смртни случаи, главно палестински деца и жени, и стотици повредени, од кои десетици се во критична состојба“, рече претставникот на Министерството, Мохамед Закут.
Израел ќе продолжи да се бори во Појасот Газа „додека сите заложници не се вратат дома“, изјави денеска израелскиот министер за одбрана Израел Кац.
„Нема да престанеме да се бориме додека сите заложници не се вратат дома и не се постигнат сите воени цели“, се наведува во соопштение на министерот за одбрана.