Skip to main content
Македонија

Денес во Кочани ќе се одржат два мирни протести

18/03/2025  11:03

Денес, во Кочани ќе се одржат два мирни протести, испраќајќи јасни пораки за правда и одговорност.

Во 18:00 часот, во градскиот парк ќе се одржи мирен протест, на кој граѓаните ќе го изразат својот став и ќе побараат вистината да излезе на виделина. Организаторите апелираат протестот да биде достоинствен и без инциденти.

Во 20:00 часот, роднините и пријателите на приведените обезбедувачи ќе одржат протест со барање за нивно ослободување. Тие истакнуваат дека обезбедувањето кобната ноќ спасило многу животи и бараат праведен судски процес.

Ставот на граѓаните е јасен секој што има било каква одговорност за трагичниот настан мора да одговара, без разлика кој е и каква позиција имал.