
Независно Студентско Собрание при УКИМ соопшти дека ФСС на Филозофскиот факултет при УКИМ изгласа недоверба на делегатите на УСС УКИМ.
Оттаму велат дека овој модел на студентско претставување е истрошен.
„Експериментот со УСС заврши, студентите на УКИМ ќе се самоорганизираат пленумски, стои во нивното соопштение. Тоа за кое пред деценија студентите се бореа, никогаш не го добија. Наместо автентично претставување на студентскиот интерес го добивме зависниот бирократски лавиринт наречен УСС на УКИМ. Студентите не можат да имаат претставнички тела контролирани од властите и партиите“, велат од Независното Студентско Собрание и истакнуваат – „Ова се наши универзитети!“