
Многу од елементите на конечниот договор за Украина се договорени, но останува и многу работа, изјави синоќа американскиот претседател Доналд Трамп пред разговорот со рускиот колега Владимир Путин.
Трамп на платформата „Трут соушл“ (Truth social) објави дека „со големо нетрпение го очекува разговорот со претседателот Путин“.
Тој во денешниот разговор ќе се обиде да го убеди Путин да го прифати американскиот предлог за 30-дневен прекин на огнот во конфликтот помеѓу Москва и Киев, што почна на 24 февруари 2022 година.