Skip to main content
Македонија

Уште 12 повредени лица од пожарот во Кочани вечерва со авион се префрлени на лекување во Белград

17/03/2025  21:09

Докторт Игор Николов контакт-лицето за сите информации поврзани со состојбата на пациентите во странство вели уште 12 повредени во пожарот во Кочани вечерва со авион се префрлени на лекување во Белград. Четворица од нив ќе бидат хоспитализирани во Воено медицинската академија, а осум во Универзитетскиот клинички центар.

Во Србија досега се префрлени вкупно 29 пациенти. Тројца повредени, пак, заминуваат на лекување во Атина, двајца во Виена и двајца во Загреб.

На Клиниката за токсикологија во Скопје хоспиталзирани се 10 лица кои имаат интоксикација со гасови. Сите пациенти кои беа на лекување во Кочани се префрелени во Скопје. Уште три лица се донесени на опсервација поради вдишување на гасови.

Во пожарот во дискотеката во Кочани животот го загубија 59 лица, а 155 се повредени. Дел од повредените се хоспитализирани во болниците во земјава, а потешките случаи се префрлени на лекување во странство.