Skip to main content
Македонија

Бектеши и Трајковски пред судија во Кочани, побаран притвор за 14 лица

17/03/2025  21:04

Поранешниот министер за економија Крешник Бектеши и поранешниот директор на Државниот пазарен инспекторат Горан Трајковски вечерва пристигнаа во судот во Кочани, каде ќе дадат исказ пред судија на претходна постапка во врска со трагедијата во дискотеката „Пулс“.

Покрај нив, во судот влезе уште едно лице, додека друго, со лисици на рацете и покриено лице, беше изнесено.

Распитот на градоначалникот на Кочани, Љупчо Папазов, кој претходно поднесе оставка, веќе заврши. Државниот обвинител Љупчо Коцевски информираше дека за вкупно 14 лица е побаран краткотраен притвор. Тие се гонат за тешки дела против безбедноста, со предвидени казни од три до 20 години затвор.

Во пожарот во дискотеката „Пулс“ загинаа 59 млади лица, а повеќе од 150 се повредени, од кои дел се лекуваат во странство, во Бугарија, Србија и Грција.