
Во овие тешки денови за Македонија, се трудам да бидам максимлно воздржана. Но, не можам да се воздржам пред нечовечноста, отсуството на морал и беда на вмровски функционери, кои уште се дрзнуваат да се закануваат на лица кои повикуваат на легитимен ПРОТЕСТ, напиша пратеничката од Левица Јована Мојсоска на социјалните мрежи.
Таа објавува фотографии од коментар на Митко Лозановски, за кој таа тврди дека бил сопруг на пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Олга Лозановска.
„Овој одвратен коментар е напишан од страна на мажот на пратеничката од ДПМНЕ – Олга ЛОЗАНОВСКА, во група каде битолчани легитимно и оправдано најавуваат протест за убиството која ја зацрна Македонија! И мојот револт е уште поголем што доаѓа од човек, чија сопруга-пратеничка е ПАРАЗИТ на овој трул систем и е рекордер во патни трошоци.
Па токму Олга Лозановска во 2023 за 11 месеци наплати 9.000 евра! Во држава која нема респиратори, каде нема кревети во болниците, каде завои се збираат со донации и зависиме од помошта на други држави. Па, Пловдив и Варна имаат центри за лекување изгореници, а главниот град Скопје НЕМА.
Нема затоа што треба паразити како Олга да аздисуваат, затоа што треба да возите скапи службени возила, нема затоа што ништо не ви е свето – и за вас се’ е бруто и нето“ напиша Мојсоска.
Лозановска е пратеничка од Битола од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, а претходно била и советничка во Советот на Општина Битола.
