
Андреј Ѓорѓиески дел од дуото „ДНК“ кој настапуваше во таканаречената дискотека “Пулс” каде од пожарот загинаа 59 лица, за жал и самиот го загуби животот.
Во денешната прес конференција на министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, тој истакна дека пиротехниката од која настана пожарот била донесена од бендот, односно од лице кое е веќе починато.
Веднаш потоа за првпат се огласи и неговата сопруга Наталија која побара од државата, полицијата и медиумите да ја кажат вистината, демантирајќи ги ваквите информации.
Потрпаролката на Владат која предмалку одржа прес конференција во која одби да го коментира овие изјави на семејствата на починатите во овој момент.
„Во овој момент, кој ни е најтежок, медиумите и државните институции ме предизвикуваат првпат да и’ се обратам на македонската јавност.
Вчера додека го барав мојот сопруг Андреја Ѓорѓиески за да го најдам во една од болниците, на домашна адреса нè посетија полицајци од криминалистика, кои без никакво објаснување го бараа мојот сопруг, во присуство на нашето дете.
Истата служба неколку пати ме контактираше телефонски со НАЈНЕХУМАН ПРИСТАП, барајќи од мене информации каде се наоѓа мојот сопруг, за да даде изјава за настанот, за што истото прашање им го упатив и нив.
Од медиумите кои шират ЛАЖНИ информации дознаваат дека мојот сопруг се лекува дома, додека лежеше во кочанската болница мртов.
Ги замолувам сите јавни медиуми да не шират дезинформации на социјалните мрежи.
Исто така, барам јавните органи да спроведат детална истрага за целиот овој трагичен настан.
Во овој тежок момент за сите нас, ЈАВНО барам од институциите и медиумите, пред сè, да ја почитуваат нашата приватност.
Лажните постови дека маж ми се лечи дома и дека пиротехниката ја донел бендот… ве молам, НЕ БРАНЕТЕ НЕКОЈ КОЈ ТРЕБА ДА БИДЕ ЗАД решетки!
Како сопруга и мајка на малолетно дете, покажете малку сочувство, исто како кон вашето семејство и најблиските пријатели…“ вели Наталија Ѓорѓиеска, сопруга на Андреј, ко-основач на бендот „ДНК“.