Skip to main content
Македонија

Граѓаните фрлаа камења и го превртија возилото на сопственикот на „Пулс“

17/03/2025  17:09

Во Кочани денеска се одржаа протести по несреќата во дискотеката „Пулс“ во која изби пожар во кој 59 лица го загубија животот.

Граѓаните кои протестираа стигнаа до фирмата на сопственикот на дискотеката „Пулс“. Најпрвин фрлале камења кон излогот на сопственикот на дискотеката, а потоа го превртеле неговото возило.

На протестот во Кочани на кој се бара правда за загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“, претходно дел од групата упадна и во кафулето „Класик“ кое е во истата сопственост на нелегалната дискотека и го демолира.

Инаку, пред општинската зграда, голем број граѓани на Кочани се собраа и побараа правда за жртвите. Го повикуваа градоначалникот, Љупчо Папазов, кој поднесе оставка да излезе од зградата, а дел од присутните маваа со камења и јајца.

Собраните извикуваа „Убијци“ и „Секој еден може да биде следен!“.