
Граѓаните кои бараат правда и одговорност за големата трагедија што вчера ја потресе Македонија се упатија кон зградата на локалната власт во Кочани, со намера да се сретнат со градоначалникот Љупчо Папазов.
Во знак на револт, демонстрантите почнаа да фрлаат јајца и шишиња кон општинската зграда, при што беа искршени вратата и прозорците на советот на општината. Насобраните бараат конкретни одговори и преземање на одговорност од надлежните институции за трагедијата што го потресе градот.