Skip to main content
Македонија

„Доста со бегање!“ – Граѓаните на Кочани бесни: „Каде е градоначалникот сега?

17/03/2025  14:27

Револтираните граѓани на Кочани денеска излегоа на протест, барајќи градоначалникот Љупчо Папазов да се појави пред народот и да даде одговори за трагедијата што го потресе градот. Насобраните граѓани изразија гнев поради неговото отсуство и начинот на кој локалните власти реагираа по несреќата.

„Каде е градоначалникот сега? Кога треба пари да зимаат, сите се тука, а кога треба да преземат одговорност – ги нема! Сите отказ даваат, никој не застанува пред народот!“ – извикуваа демонстрантите.

Граѓаните бараат транспарентност, одговорност и објаснување за тоа како дошло до несреќата и зошто безбедносните мерки во објектот не биле на соодветно ниво. Според нив, оставката на градоначалникот не е доволна, туку треба да се понесе одговорност од сите институции кои дозволиле ваква катастрофа.

Протестот се одржа во центарот на Кочани, а граѓаните најавуваат дека нема да престанат со притисокот сè додека не добијат конкретни одговори и мерки од надлежните.