Skip to main content
Македонија

Во несреќата загина и младиот кошаркар Петар Ивановски

17/03/2025  10:26

Во страшната трагедија што се случи во дискотеката „Пулс“ во Кочани, животот го загуби и младиот кошаркар Петар Ивановски. Неговиот тим од КК Дино Баскет на својот профил на Фејсбук ја изрази својата голема тага по неговото заминување.

„Тој беше голем човек со големо срце, беше голем борец и беше МВП на турнир М-14. Ја почна кариерата уште на најмала возраст, освојуваше многу трофеи и победи во рамките на клубот. Тагата е преголема, сочувство до семејството“, напишаа од клубот.

Сите кои го познавале Петар, го опишуваат како личност со посебен дух, секогаш подготвен да даде сѐ за тимот и за љубовта кон кошарката.