Skip to main content
Македонија

Фирмата на која е издадена лиценцата за „Клуб Пулс“ е со блокирана сметка

16/03/2025  16:19

“ММММ кафе ДООЕЛ“, фирма на која е издадена лиценцата за клубот „Пулс“ во Кочани е со блокирана сметка.

Овие информации се од „Бизнис мрежа“, софтвер кој црпи информации од Централниот регистар.

Од тука се отвора прашањето, како оваа компанија продавала карти, но и пијачки на присутните во клубот, каде се случи големата трагедија.

Фирмата е основана во 2020 година.

Како што претходно објави ТВ21, оваа дискотека не поседувала лиценца за работа, односно последната била издадена на 13 март 2023 година и истата имала важност една година.

Но, во јавноста се појави и нова лиценца, за која извори на ТВ21 од Министерството за внатрешни работи тврдат дека е фалсификат.

Истото го потврди и министерот Панче Тошковски, кој денеска на прес конференција истакна дека важечка лиценца за работа овој клуб немал.