
Советот на Општина Кочани одржа вонредна седница по трагичниот пожар во дискотеката „Пулс”.
По едноминутната почит кон загинатите, претседателот на Советот Лазо Митев информираше дека прогласува седумдневна жалост во општината. Во трагедијата загинаа 59 лица, а 155 се повредени.
За четири лица распишана е централна потерница, а досега извршени се разговори со десет хоспитализирани лица, како и со еден од членовите на групата ДНК.