Skip to main content
Македонија

Тошковски: Легална лиценца за работа на локалот во Кочани нема, има мито и корупција

16/03/2025  15:55

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на прес конференција само што соопшти дека локалот каде што се случи пожарот во Кочани нема легална лиценца за работа а истакна дека до сега 20 лица се осомничени за трагедијата, а 15 се во полициска станица. Дел од осомничените се и помеѓу починатите, а дел се и во болница.

Приведено е лице кое е организатор и е директен виновник за трагедијата, поранешен државен секретар при министерството за економија, поранеен и сегашен раководител на сектор во министерството за економија, директор на дирекцијата за заштита и спасување. Дел од приведените во Кочани се од организацијата, обезбедувањето или некако поврзани со настанот кој се случувал вчера.

Како што истакна тој случајот е поврзан со мито и корупција, во овој случај има име и презиме кои учествувале во ова кривично дело и вели ќе одговараат.

Има повредени 20 малолетни лица и 3 починати, според информациите на МВР 500 лица имало во локалот, а продадени биле 250 карти. Имињата на починатите по идентификацијата ќе бидат дадени на семејствата и потоа објавени. Сите починати лица се извадени од локалот и 20 лица се во критична состојба, дел од нив ќе видат пренесени во Турцика, Бугарија и Грција.