
Украинскиот претседател Володмир Зеленски изрази сочувство до семејствата и најблиските на жртвите, претседателката Гордана Сиљановска Давкова и македонскиот народ, за трагедијата во Кочани.
– Трагична вест за смртоносен пожар во Кочани … Украина тагува со нашите македонски пријатели на овој тажен ден- напиша Зеленски на Х.
Тој на повредените им посака брзо закрепнување.