Skip to main content
Македонија

Уставниот суд изразува најдлабоко сочуство до семејствата на настраданите во пожарот во Кочани

16/03/2025  13:12

Уставниот суд со длабоко жалење ја прими веста за ужасната трагедија во Кочани.

-Не постојат соодветни зборови кои ќе ја намалат тагата, во овие тешки и траорни моменти судиите изразуваат најдлабоко сочуство до семејствата на настраданите, потенцираат од Уставен суд.

Ненадоместлива е загубата, ја споделуваме болката и нашите мисли се со родителите роднините и пријателите на трагично настраданите, додаваат во соопштението.

На повредените им посакуваме побрзо закрепнување, се наведува во соопштението на Уставен суд.