Skip to main content
Балкан

Мусар: Во ова време на длабока тага, Словенија се солидаризира со Северна Македонија

16/03/2025  12:13

Длабоко сум тажна поради трагичниот пожар во Кочани, Северна Македонија, кој однесе животи на толку многу млади луѓе, напиша на Х претседателката на Република Словенија Наташа Пирц Мусар.

Таа изрази длабоко сочувство до семејствата на жртвите, пријателите и целата заедница погодена од овој катастрофален настан.

– Во ова време на длабока тага, Словенија се солидаризира со Северна Македонија, додаде Мусар