
Пред болницата Св. Наум Охридски се читаат имиња на повредените и ги пуштаат родителите да ги видат во групи од по неколкумина.
Црвениот крст донесе вода.
Рампите за паркинг се кренати, паркирањето е бесплатно.
Во оваа болница се хоспитализирани 29 пациенти.
Сиљановска Давкова во изјава за медиуми пред „Св.Наум Охридски“ изрази уверување дека повеќето што се повредени ќе се спасат.
-Ништо не можам да кажам, страшно. Знам дека тоа се млади храбри луѓе. Верувам дека повеќе од нив ќе се спасат лекарите се тука. Не можам да сфатам како е можно ова се случи, рече Сиљановска Давкова.
Таа истакна дека ја споделува болката со родителите, додајќи дека не може да поверува како ова се случило.
-Ова е нешто мора однапред да се предвиди, бидејќи не е првпат да сме се соочиле со вакво нешто, рече Сиљановска Давкова.