
Српското Министерство за надворешни работи изрази сочувство до народот и властите во Македoнија по пожарот во дискотека во Кочани.
-Во име на Министерството за надворешни работи на Република Србија, како и од мое лично име, изразувам длабоко сочувство до народот и властите на Република Северна Македонија за трагичниот пожар што синоќа се случи во дискотеката „Пулс“ во Кочани и однесе десетици животи. Во овие тешки моменти, Србија стои со својата братска Северна Македонија, споделувајќи ја болката и тагата за оваа невидена трагедија. Република Србија сè уште стои цврсто со своите браќа во Северна Македонија и е подготвена да ја даде сета потребна поддршка и помош. Нашите мисли се со семејствата на жртвите, на кои им изразуваме искрено сочувство и со повредените, на кои им посакуваме брзо закрепнување. Споделувајќи ја тагата од овој неописливо страшен и потресен настан, верувам дека заедно ќе успееме да ја надминеме оваа трагедија, како што тоа го правевме во минатото – се наведува во соопштението од српското МНР потпишано од министерот Марко Ѓуриќ.