Search

Ејдан Тарнер ќе го глуми Леонардо да Винчи во нова серија

Ирскиот актер Ејдан Тарнер изјави дека му е мило што новата историска драма за Леонардо да Винчи ја отсликува сексуалноста на уметникот.

Во новиот проект, во продукција на „Амазон прајм“, Тарнер го глуми познатиот италијански ренесансен архитект, инженер, вајар, уметник.

Во ТВ-серијата, универзалсниот уметник од Тоскана е прикажан како да има машки љубовници. Некои историчари тврдат дека Да Винчи бил хомосексуалец или бисексуалец.

„Неговата сексуалност е голем дел од она што навистина бил тој“, рече Тарнер во текот на поткатстот Leonardo: Official Podcast. „И негова мотивација да направи толку многу“, додаде актерот.

Драмската серија – љубовна приказна и мистерија за убиство – истражува што го натерало Да Винчи да црта. Секоја од осумте епизоди се фокусира на различна слика и приказната што стои зад неа.

Треба да знаете
Последни објави