Skip to main content
Балкан, Македонија

Србија го прогласи вторник 18-ти март за Ден на жалост по трагедијата во Кочани

16/03/2025  11:31

На утрешната седница Владата на Република Србија, на предлог на претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, ќе го прогласи вторник 18 март 2025 година за Ден на жалост во Република Србија поради трагедијата во Македонија.

Да потсетиме, голем пожар избувна околу три часот по полноќ во дискотека во градот Кочани.

Загина 51 лице, а има околу 100 повредени.