Skip to main content
Македонија

Поради огромната трагедија во Кочани СДСМ ги одложи внатрепартиските избори за Претседател

16/03/2025  09:24

Поради огромната трагедија што се случи во Кочани СДСМ ги одложи внатрепартиските избори за Претседател на партијата. Општинските организации на СДСМ ќе се вклучат во помошта за настраданите во пожарот.

Изразуваме длабоко сочувство до семејствата, роднините и пријателите на загинатите во огромната трагедија што се случи во Кочани. На повредените им посакуваме брзо и целосно закрепнување.

Во овие тешки моменти, нашите мисли и молитви се со сите засегнати од оваа страшна несреќа.