Skip to main content
Македонија

Родители си ги бараат децата што биле во дискотеката во Кочани преку социјалните мрежи

16/03/2025  08:52

На социјалните мрежи цело утро се споделуваат фотографии од децата кои што вчера биле во дискотеката во Кочани.

Во три часот по полноќ избил пожар кој предизвикал најмалку 50 жртви. Повредените се пренесени во болници во Кочани, Штип и Скопје.

Нивните родители, роднини и пријатели на социјалните мрежи споделуваат фотографии со апел некој да им каже каде се нивните деца.