Skip to main content
Хроника

Насилник ја натепал сопругата во Струга

14/03/2025  17:45

57-годишен насилник од Штип, кој живее во Струга, ќе одговара за предизвикување телесна повреда при семејно насилство, откако ја натепал сопругата, соопшти МВР.

„ОВР Струга поднесе кривична пријава против Ш.Д.(57) од Штип, со привремен престој во Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“. На 25.02.2025 во дом во кој привремено живеат во Струга, пријавениот физички ја нападнал неговата сопруга“, велат од полицијата.