Skip to main content
Македонија

Се излеа јаловина во Крива Река (ВИДЕО)

14/03/2025  17:32

Коритото на Крива Река е преплавено со јаловина на рудникот за олово и цинк Тораница кој е под концесија на индиската компанија „Индоминерали и метали“ во општина Крива Паланка.

На социјалните мрежи од попладнево се шират видеа и слики од променетата боја на реката која минува низ централното градско подрачје на Крива Паланка.

-Добивме информација дека е пукната цевка во флотацискиот дел на рудникот за олово и цинк Тораница во општина Крива Паланка и дека се излеала јаловина во Тораничка и Крива река каде довеле до заматување на водата. Од рекреативни риболовци се земаат примероци од водата во моментов. Инспектори на терен НЕМА, објави O2 Иницијатива, на својот фаејбук профил.

-Од потегот на падините на граничниот премин Деве Баир кон централното гратско подрачје како што е потечението на реката Крива Река целата е хаварисана и сива, изјави мештанин на Крива Паланка.

Тој додаде дека оваа не е прв пат, ваква хаварија се случила пред неколку години, но јавноста не била зинтересирана на случувањата во овој мал град.

Видео од реката можете да погледнете со клик ТУКА.