Skip to main content
Хроника

Инспектор добивал закана: Полицијата реагираше и уапси 40-годишен скопјанец

14/03/2025  17:11

Вчера во 17.30 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Ј.Б.(40) од Скопје затоа што агресивно се однесувал и со тврд предмет упатувал закани на ветеринарен инспектор од Агенцијата за храна и ветеринарство додека извршувал службени дејствија.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.