Skip to main content
Хроника

Кумановец се забил во полициско возило, повредени шест лица

14/03/2025  17:04

Шест лица, меѓу кои и четворица полициски службеници, се повредени во сообраќајна несреќа што се случила во четвртокот вечерта во Куманово.

Според информациите од полицијата, несреќата се случила вчера околу 19:34 часот на крстосницата на улиците Благој Илиев Гуне и Страшко Симонов, каде што се судриле патничко возило пасат со кумановски регистарски ознаки, управувано од 38-годишниот Љ.Љ. од Куманово, и полициско возило голф, сопственост на МВР.

Во несреќата со телесни повреди се здобиле возачот на пасатот и неговиот 45-годишен сопатник Б.А., како и четворицата полицајци кои се наоѓале во службеното возило.

За случајот бил известен јавен обвинител, а увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Куманово, која работи на утврдување на околностите под кои се случила несреќата.