Skip to main content
Хроника

Драма во Гевгелија: Со сила внеле две лица во автомобил, ги истепале па ги присилиле да признаат дека украле паричник, а потоа ги ослободиле

14/03/2025  16:43

На 13.03.2025 во 16.00 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Гевгелија го лишиле од слобода М.П.(28) од Гевгелија.

Тој се сомничи дека истиот ден заедно со П.И.(25) од Гевгелија и уште едно лице од Гевгелија со употреба на сила внеле две лица од Гевгелија во возилото, кое го управувал М.П., физички ги нападнале и ги присилувале да признаат дека одзеле паричник од женско лице, по што ги ослободиле.

Во просториите на Полициската станица Гевгелија бил повикан и П.И. со кого бил извршен службен разговор.

За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и по негово целосно документирање ќе биде поднесена соодветна пријава.