Skip to main content
Балкан

Поради дојава за бомби во возовите запрен железничкиот сообраќај во Србија

14/03/2025  11:02

Компанијата „Србијавоз“ денеска соопшти дека во текот на ноќта била добиена анонимна дојава дека во меѓуградските возови биле поставени експлозивни направи, по што од безбедносни причини привремено се прекинати сите меѓуградски возови.

„Србијавоз ги известува корисниците на услугата дека на 14 март 2025 година, во 01:39 часот, примен е повик со анонимна дојава дека во меѓуградските возови се поставени експлозивни направи. Од безбедносни причини, принудени сме привремено да го прекинеме сообраќајот на сите меѓуградски возови за да ги заштитиме животите на патниците и возот“, се вели во соопштението.

Србијавоз додава дека интензивно соработуваат со Министерството за внатрешни работи за разрешување на ситуацијата.