Skip to main content
Балкан

Српскиот парламент затворен од безбедносни причини поради утрешниот протест во Белград

14/03/2025  10:36

Српскиот парламент денеска соопшти дека од безбедносни причини зградите на Народното собрание ќе бидат затворени од денеска до понеделник со цел да направат се што е во нивна моќ најавениот митинг за утре (15 март) да помине без инциденти.

„Почитувани пратеници и вработени во Народното собрание, ве известуваме дека, врз основа на безбедносната проценка на Министерството за внатрешни работи, а со цел да се избегне каков било, макар и минимален простор за предизвикување потенцијални провокации и конфликти, генералниот секретар на Народното собрание одлучи зградите на Народното собрание, имено Домот на Народното собрание, плоштадот Никола Пашиќ да бидат затворени од петок, 14 март до 16 март 2025 година на полноќ“, се вели во одлуката.

За утре во Белград е најавен најголемиот протест досега, по неколкумесечните блокади и граѓанска непослушност. Српскиот претседател Александар Вучиќ со денови предупредува на мрачно сценарио и немири, додека пак студентите ветуваат дека нема да предизвикаат инциденти