Skip to main content
Хроника

Приведен гостиварец, се барал за издржување затворска казна од три години поради силување

13/03/2025  10:59

Синоќа во 19.50 часот на улица ,,Бане Вељаноски“ во Гостивар, полицијата го уапсила 34-годишниот И.Б. кој бил баран со потерница.

MK Summit

Како што информираат од полицијата потерницата била врз судска наредба за издржување казна затвор од три години за сторено кривично дело силување.

Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната.