Skip to main content
Хроника

Уапсен 19-годишник од Тетовско: При претрес пронајдена дрога

13/03/2025  10:47

Вчера во 07.15 часот, полициски службеници од СВР Тетово и Полициското одделение Камењане го лишиле од слобода 19-годишниот М.А. од село Пирок.

При претрес во неговиот дом во село Пирок, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана.

Тој бил задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.