Skip to main content
Спорт

Одредени сите четвртфиналисти во Лигата на шампионите

13/03/2025  09:46

По одигрувањето на синоќешните реванш натпревари од осминафиналето во фудбалската Лига на шампионите, формирани се двојките за четвртфиналната фаза.

Четвртфиналните двојки во Лигата на шампионите:

Арсенал – Реал Мадрид

ПСЖ – Астон Вила

Барселона – Борусија Дортмунд

Баерн Минхен – Интер. 

Првите четвртфинални натпревари се закажани за 8/9 април, а реваншите за 15/16 април.