
Лидерот во Премиер лигата, Ливерпул испадна од Лигата на шампионите. На „Енфилд“, ПСЖ го елиминира Ливерпул по избедувањето пенали со 4:1, откако претходно го доби натпреварот по 90 и 120 минути игра со голот на Дембеле во 12.минута.
ПСЖ на „Енфилд“ имаа перфектна пенал серија. Четворица погодија: Витиња, Гонзало рамош, Дембеле и Дезире Дуе, но апсолутен херој е голманот Донарума кој ги одбрани ударите на Дарвин Нуњез во втората и Џонс во третата серија. Само Салах реализираше пенал за Ливерпул во првата серија.
ПСЖ во четвртфиналето ќе игра против Астон Вила и Клуб Бриж. Првиот натпревар, одигран минатиот вторник, Астон Вила го доби со 3:1.
Претходно пласман во четвртфиналето изборија Барселона, Баерн Минхен и Интер.