
Со редовно консумирање на ова овошје ќе им олесните на вашите црева да создаваат добри бактерии. Речиси и да не постои болест која не може да се лекува со ова овошје, а многу експерти советуваат редовно да го консумирате. Станува збор за урми!
Како што објави Вести-Онлајн, анемичните пациенти треба да јадат што повеќе урми, бидејќи тие се одличен извор на магнезиум. Урмите содржат калиум, кој е корисен за запирање на дијареата. Покрај тоа, урмите помагаат да се врати цревната флора што е можно побрзо. Со редовно консумирање урми ќе им олесните на вашите црева да создаваат добри бактерии. Конзумирањето урми четири недели пред породувањето може да ги ублажи породилните болки и да го намали крварењето кај мајките. Жените кои јаделе урми пред породувањето полесно и побрзо се пораѓале, за разлика од оние жени кои не го јаделе ова овошје.
Поради високиот процент на хранливи материи, урмите ги прават луѓето да се чувствуваат сити и го олеснуваат слабеењето. Ако јадете урми на празен стомак, тие ќе ја регулираат работата на дебелото црево и ќе му го обезбедат на телото потребниот шеќер.
Луѓето со слабо срце можат да го користат ова неверојатно овошје. Урмите со семките потопете ги во вода преку ноќ. Наутро извадете ги семките од нив, измелете ги во блендер заедно со водата во која стоеле преку ноќ. Земете го овој лек неколку пати на ден за да го зајакнете срцето. Исто така, урмите имаат способност да го намалат нивото на несаканиот холестерол во организмот.