Skip to main content
Хроника

Возило удрило во пешак во Битола

11/03/2025  12:24

На 10.03.2025 во 12.45 часот во СВР Битола било пријавено дека на ул.„Ружа Делчева” во Битола, патничко возило „опел”со битолски регистарски ознаки, управувано од С.К.(22) од Битола, удрило во пешакот М.Д.(66) од Битола. Во несреќата, М.Д. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола. Увид извршила увидна екипа на СВР Битола.