Skip to main content
Скопје

Одредени категории родители ослободени од плаќање месечен надомест за градинка во општина Аеродром

11/03/2025  10:55

Општина Аеродром ги ослободува од плакање надоместок одредени категории родители и старатели за престој на нивните деца во двете детски градинки „Буба Mара“ и „Срничка“.

Оваа одлука ја донесе Советот на Општина Аеродром на последната седница со што се ослободуват од плакање следните категории:
–    Родители на три деца запишани во градинка, се ослободуваат од плаќање месечен надомест за престој на едно дете;
–    Самохран родител со примања до една минимална плата или со други примања во износ до една минимална плата;
–    Двајца родители без приходи или самохран родител без приходи;
–    Двајца родители од кои еден е без приходи, а другиот родител е со примања до една минимална плата или со други приходи во износ од една минимална плата;
–    Родители на деца со категоризација за тешкотии во развојот на детето/децата;

Ослободувањето се однесува за периодот до 31.12.2025 година, а има цел да им се олесни на најранливите категории граѓани.