Skip to main content
Живот

Доктор Трајковски: Родители не се лажете аутизмот не се лечи со варова вода, Ивермектин и слично

10/03/2025  13:20

Познатиот македонски доктор Владимир Трајковски, кој е генетичар, професор по Хумана генетика, Физиологија со функционална анатомија, Медицински основи на инвалидноста и Аутизам и претседател на Македонското научно здружение за аутизам се огласи на социјалните мрежи со порака до родителите на деца со аутизам.

Тој им упати предупредување да не наседнуваат на измами со наводни лекови за нивните деца!

– Драги родители на деца со АСН, Ве молам не наседнувајте на разни профитери и не ги трујте Вашите деца со: варова вода, етиленско сино, Ивермектин и слични работи. Нема никакви научни и медицински докази дека со тоа се третира аутизмот. Ви благодарам на довербата! – порача тој на својот фејсбук профил.