Skip to main content
Свет

Рубио: САД официјално суспендираат 83 отсто од програмите на УСАИД

10/03/2025  11:52

Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска објави дека САД официјално затвораат 83 отсто од програмите на Агенцијата за меѓународен развој (УСАИД).

„По шестнеделен увид, официјално прекинавме 83 отсто од програмите на УСАИД, 5.200-те договори кои сега се откажани, потрошиле десетици милијарди долари на начини што не користел, а во некои случаи дури и им наштетиле на основните национални интереси на САД“, објави Рубио на платформата X.

Според него, по консултациите со Конгресот, останатите 18 проценти од програмите, што е приближно 1.000, ќе ги управува Стејт департментот „поради поефикасна администрација“.

Тој му се заблагодари на Одделот за владина ефикасност (DOGE), предводен од Илон Маск, и на другите вработени кои „вложија многу напор за да ја постигнат таа „задоцнета“ историска реформа.

На 20 јануари, американскиот претседател Доналд Трамп потпиша извршна наредба со која се суспендираат сите програми за странска помош на 90 дена додека се врши увид за да се утврди дали тие ги исполнуваат неговите политички цели.