Skip to main content
Спорт

Ленард со звукот на сирената им пресуди на Сакраменто Кингс

10/03/2025  08:34

Лос Анџелес Клиперс го совлада Сакраменто со 111:110 по продолжение на домашен терен во Инглвуд. Клиперси го забележаа третиот последователен триумф во НБА лигата.

MK Summit

Најефикасен во тимот на Клиперс беше Џејмс Харден со 29 поени, 11 асистенции и девет скока. Хрватскиот центар Ивица Зубац додаде 22 поени и 14 скока, додека Дерик Џонс Јуниор постигна 17 поени, исто како и Каваи Ленард, кој го постигна победничкиот кош во последната секунда од продолжението.

Демар Дерозан беше најефикасен кај Сакраменто со 31 поен, 10 асистенции и седум скока. Зак ЛаВин додаде 30 поени и седум скока, додека Киган Мареј имаше 15 поени и шест скока. Јонас Валанчиунас забележа девет поени, 17 скока и седум асистенции.

Клиперси се осми во Западната конференција со 35 победи и 29 порази, додека Сакраменто е деветти со скор 33/30.

НБА, резултати:

Њу Орлеанс Пеликанс – Мемфис Гризлис 104:107
Филаделфија – Јута Џез 126:122
Милвоки Бакс – Кливленд Кавалирс 100:112
Минесота Тимбервулфс – Сан Антонио Спарс 141:124
Портланд Трејл Блејзерс – Детроит Пистонс 112:119
Лос Анџелес Клиперс – Сакраменто Кингс 111:110